Достапни линкови

Рамади: Главната болница искористена за американските сили


Американските сили во Ирак соопштија дека ирачките бунтовници ја искористиле главната болница во градот Рамади за напади врз американските војници. Се прецизира дека во овие напади немало жртви. Рамади се наоѓа на стотина километри западно од Багдад каде што, според најновите информации, имало напад врз една полициска станица по што американските сили уапсиле триесетина бунтовници. Во меѓувреме, Белата Куќа соопшти дека ќе стори се да ја зголеми опременоста на војниците во Ирак кои извесно време се жалат дека немаат доволно оружје.
XS
SM
MD
LG