Достапни линкови

За сега факултативна можност, граѓаните со спротиставени ставови


Многу реално е во перспектива да се очекува воведување на албанскиот јазик како задолжителен во основните училишта во земјава каде се посетува настава на македонски јазик, во оние општини каде оваа заедница е над 20%. Создавањето на мултиетничко општество, меѓусебното запознавање, надминување на меѓуетничкиот јаз, по се почетстите случаи на разделување на учениците како актуелниот случај Струга, или пак претходно Куманово, ја наметнува потребата за надминување на „јазичната бариера“ како обид за решавање на овие проблеми.

Препораката за размислување во оваа насока до Собраниската Комисија за образование, веќе „пристигна“ од Европскиот центар за малицински прашања.

„Нивната препорака е дека би требало како пилот проект да започне реализација за изучување на јазикот на етничките заедници, уште во основното образование. Јас сметам дека нешто треба да почне да се прави на овој план.“

Објаснува претседателот на собраниската Комисија за образование Соња Лепиткова.
За Воведувањето на задолжителен предмет за изучување на албанскиот јазик во двојачизчните општини во државава во Министерството за образование, велат дека идеата може да се очекува да биде реализирана во иднина, но засега прашањето е решено само со воведување на факулттативна настава.

„Значи, секое училиште кое е заинтресирано да го вметне албанскиот јазик како факултативен предмет, поднесува барање до Министерството за образование и нормално овој предмет може да функционира како факултативен,“

изјавува Агим Рушити од Министерството за образование.

Во зависност од погледите на учениците и од нивните размилсувања, за едни овој предлог е прифатлив, а кај други пак предизвикува реакција на негодување.

„Никако! Зошто да се воведува, нема потреба!
Па добро сега, ако е неопходно нека се воведе. Ако има потреба!!
Оние тепачки кои досега се случуваа и омразата можеби.“


Препораката од Европскиот центар, подразбира воведување на задолжителен предмет во македонските училишта за изчувување на јазикот не само на албнаската, туку и на останатите заедници доколку се повеке од 20% во општината во која живеат.
XS
SM
MD
LG