Достапни линкови

logo-print

Брисел: Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО


Министрите за надворешни работи на дваесет и шестте земји членки на НАТО денеска во Брисел разговараат за идната улога на Алијансата во Ирак и во Авганистан. Вчера американскиот државен секретар Колин Пауел ги повика европските сили да гледаат подалеку од нивните разлики со Вашингтон околу Ирак и да работат на подобрување на трансатлантските врски. Во таква цел, како што неофицијално е најавено ќе биде и и посетата на претседателот Џорџ Буш на Брисел на дваесет и втори февруари. НАТО министрите ќе имаат средба и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Инаку, во Брисел се одржува и редовниот состанок на Евроатлантскиот партнерски совет на кој учествува и делегација на Македонија, предводена од министерот за надворешни работи Илинка Митрева.
XS
SM
MD
LG