Достапни линкови

Киев: Цел на Јушченко ќе биде приближување на Украина до ЕУ


Лидерот на украинската опозиција Виктор Јушченко во интервју за весникот Вашингтон Пост изјави дека негова главна цел, доколку биде избран за претседател, ќе биде приближувањето на Украина кон Европската Унија. Тој наведува дека ќе стори се да бидат изведени пред суд оние што се одговрни за политичките и економските злосторства во земјата. Повторувањето на претседателските избори во Украина е закажано за дваесет и шестти овој месец.
XS
SM
MD
LG