Достапни линкови

Главни теми на разговорите билатералната соработка и состојбата во регионот


Економската соработка беше главна тема на разговорите меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и претставници на македонскиот државен врв. За земјава од посебно значење во односите меѓу двете држави е регулирањето на рускиот долг кон Македонија, што потекнува од поранешна СФРЈ и СССР:

„Се договоривме за одржување на третото заседание на меѓувладината комисија за економска соработка во јануари, каде што една од темите предлагаме да биде и одредено либерализирање на трговскиот режим меѓу двете земји, што би овозможило зголемување на нашиот извоз, за што констатираме дека и оваа година 2004 година, бележи покачување. Заедничка е констатацијата е дека склучувањето на меѓувладината спогодба за регулирањето на долгот од СССР треба да се случи во многу кус временски период.“

„Се подготвуваат цела низа спогодби за соработка во други области. Тие се однесуваат на регулирање на клириншкиот долг, како и на уредување на договорно правната база на меѓусебните односи.“


изјавија македонсиот министер за надворешни работи Илинка Митрева и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров.

На средбата со Митрева е разговарано и за регионални прашања како Косово и демаркацијата на северната граница како и за мултилатералната соработка во борбата против тероризмот. Според Лавров, Македонија е особено важна за стабилноста на регионот. Тој за прашањето за статусот на Косово вели:

„Косовскиот проблем како секој друг проблем може да се реши само врз основа на правна рамка. Таквата правна рамка за Косово е низа резолуции на Советот за безбедност на ОН и тука пред се резолуцијата 1244.“
XS
SM
MD
LG