Достапни линкови

logo-print

Злоупотреба на религијата во политички цели


Дали на светот му претстои судир на муслиманската и христијанската- западна цивилизација. Оваа теза, особено по 11 септември за многумина е неспорна. Но не за сите. Муслиманскиот интелектуалец Тарик Рамадан кој неодамна учествуваше на конференцијата посветена на меѓурелигискиот дијалог вели дека на светот не му се заканува судир на цивилизации. Според него муслиманите се дел од западниот свет, а злоупотребата на религијата во политички цели е нешто што мора да биде спречено

Откако 1993-та историчарот Семјуел Ханингтон ја објави тезата за судир на цивилизациите , многумина ја усвоија идејата за предстојната конфронатација меѓу исламот и Западната цивилизација. По нападите на 11 септември во Америка и војната во Авганистан таа идеја почна да се третира како неминовност.

Но според Тарик Рамадан, муслимански интелектуалец, идејата за судирот на цивилизациите не го зема предвид фактот дека Муслиманите веќе представуваат интегрален дел на Западната Цивилизација

„Мислам дека треба да одиме подалеку од бинарната визија на светот. Борбата не е на границите на тие два света таа е во внатрешноста на нашето муслиманско општество. Ние сме слободни. Го имаме искуството на демократијата. Иако понекогаш е тешко поради предубедувањата, дискриминацијата сепак мислам дека на европските, американските, канадските муслимани треба да им се даде можност да станат дел одопштествата во кои живеат.“

Рамадан ги даде овие забелешки на конференцијата посветена на дијалогот меѓу религиите и односот на верата и државата што под покровителство на поранешниот чешки председател Вацлав хавел се одржа во Прага.

Тој таму го промовираше ставот за ограничен и позитивен однос меѓу световното и религиозното.

„Да се има поголема моралност во политиката е неопходно. Но да се инструментализира религијата за да се докаже дека Господ ја благословил нашата земја е сосема погрешно. Мислам дека Бог ја благословува секој земја и она што е праведно - е праведно за сите, а не само за некоја земја. Позицијата Господ е со нас, а не со вас, е сосема погрешна“

Рамадан вели дека неговите идеи често не наидуваат на многу подршка ниту на Запад каде е роден и живее ниту, и кај неговите муслимански собраќа

„Од самиот почеток знаев дека мојата задача е контроверзна . Затоа што сакав да бидам во средината на два света. Јас сум Европски муслиман и јас сум западен муслиман. И не е необично моите ставови да наидат на осуда на традиционалистите кои мислат дека сум ја изневерил мојата религија. Но истовремено јас сум сепак премногу муслиман за некои европејци или американци.“

Ова се потврдува и со неодамнешните случувања поврзани со Тарик Рамадан. Откао американските медиуми го прогласија за застапник на тероризмот и покрај неговото жестоко демантирање Соединетите Држави му забранија да влезе во државата.
XS
SM
MD
LG