Достапни линкови

logo-print

Три години залудни обраќања по сите македонски и меѓународни институции


Повеќе од три години трае агонијата на Антонио Лимановски, ;акедонец од Албанија, роден во селото Мало Острени. Нема врата во земјава на која не тропнал и не се обратил за помош за остварување на своето право. А приказната почнува по овој редослед: Во потрага по подобар живот и бегство од сиромаштијата во Албанија, опустошена од режимот на Хоџа, делејќи ја судбината на многумина Македонци од Албанија, заработувајќи со тешки физички работи, но по помирен живот заминува за Грција. Единаесет години, престојува таму, но тука почнува неговата трагична приказна, која трае до ден денес. И покрај легалниот статус за престој кој го поседувал, и сите потребни документи, тој е протеран од грчките полициски власти. Оттогаш до сега нема никакви контакти со неговото семејство, неговата малечка ќеркичка и жена му кои сеуште се во Грција.

„Ме фрлија во кола од полиција и ме носеа во полиција како куче. Ме нападнаа, ме имаат многу премачено.“

Седиштата на Европската Унија, ОБСЕ, „Проксима“, Грчкиот конзулат, сите релевантни партии во земјава, Светскиот Македонски конгрес, Хелсиншкиот комитет, буквално нема институција во земјава во која не се обратил. Неговата молба преку писмо стигнало дури и до Белата куќа. Не еднаш туку по неколку пати, тропа по сите порти не барајќи ништо друго, освен да му се оствари правото, да му се издаде виза за престој во Грција во обид по три години повторно да се сретне со неговото семејство.

„Штета ми имаат направено, очите ми плачат. Јас треба да се спојам со мојата фамилија. Го знаеме случајот, ама не можеме ништо да направиме.“

Правото на дом и семејство, се заштитени со повеке меѓународни конвенции, во таа насока и правото на Антонио да биде со своето семејство.
XS
SM
MD
LG