Достапни линкови

logo-print

Јасна политичка уцена на државните органи


Нема простор за барањата за почитување на законот за амнестија, бидејќи ако имало забелешки требало да се реагира при неговото донесување, вели професорот Владо Поповски поранешен член на Советот за безбедност, кој вака објаснува што значат барањата на вооружената група од Кондово:

„Преговорите божем за законот за амнестија, повеќе се изговор на една многу јасна политичка уцена на државните органи од страна на неформална група на вооружени лица коишто надвор од законите во Република Македонија се имаат забарикадирано во едно населено место и ја држат како заложник целата држава и власт во Република Македонија.“

За овие барања пак, Назми Малиќи од Унијата на албански интелектуалци со став:

„Тука е вакуумот на неимплементација на Рамковниот договор и тој договор треба да се почитува.“

Од министерството за внатрешни работи пак по вчерашната средба во Кондово на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи со месното население и претставници на вооружената група воздржаност. Оттаму, не информираат за активностите на министерсвото. А професорот Поповски смета дека многу порано требало да се оствари средба со жителите на Кондово, и оти сега треба да реагираат надлежните институции. Според него доколку овие лица имаат легитимни барања треба да ги достават до институциите на државата, а не да ги бараат со оружје:

„Значи не е воопшто сватливо да имате отворена рана, а воошто да не преземате средства за лечење при што се можни секакви инфекции. Властите треба што побрзо тоа да го елиминираат со минимум ризик за компликација. Значи, прифатливо е штом се појави таква опасност да се стапи во разговор со тие луѓе и да се види што е проблемот и дали може да се надмине. Ама, тој момент е поминат. Тоа беше пред еден месец. Ако не успеат тие итни и брзи разговори, тогаш навистина мора да се попречат.“

Поповски смета дека меѓународната заедница може да помогне во овој случај:

Претставниците на меѓународната заедница во земјава пак сметаат дека државните институции во земјава можат да се справат со овој случај:

„Ние мислиме дека министерството за внатрешни работи е совршено способно да се справи со ситуацијата, а има помош и од полициската мисија Проксима. Како што ние можеме да видиме станува збор за криминал, не за безбедносна закана,“

изјави Јеспер Томсон од канцеларијата на Европската унија.
XS
SM
MD
LG