Достапни линкови

Годишно стотици деца киднапирани во Авганистан


Секоја година неколку стотици деца, момчиња и девојчиња се киднапирани во Авганистан. Децата често се продаваат како робови или за сексуална злоупотреба. Дури и кога се ослободуваат пеколот не завршува. Дописникот на Слободна Европа Антоин Блуа ја пренесува приказната на Рахима девојче од Авганистан.

Рахима е 12 годишно девојче што било киднапирано на патот од училиштето кон дома во северноавганистанскиот град Кундуз.

„Околу 12 и пол заминав од училиштето кон дома. И еден човек ми пријде одпозади, ми ја затвори устата и ме труна во автомобил. Тие беа сурови и ми го уништија животот
По 18 дена во заложништво во кое е силувана полицијата ја пронајде и ја ослободи. Денес Рахима живее во домот на еден жител на градот што Советот на старците го одбрал да ја заштитува. Имено доколку се врати дома Рахима лесно може да биде убиена од нејзиното семејство затоа што нејзината несреќа се смета за повреда на семејната чест.“


Такви случаи се чести во Авганистан. Причините се различни, брачно неверство, флертување со друг маж, барање за развод или силување.

Во случајот со рахима киднаперите се пронајдени, уапсени и чекаат судење.

Човекот што се грижи за Рахима Хаџи Едембирди дека вистински тест за инситуциите во Авганистан е прашањето дали ќе ги казнат оние што киднапираат деца

„Некои од киднаперите на девојчиња имаат врски со владини службеници. Тие се или нивни пријатели или се од исто племе. Затоа владата не може да ги спречи киднапирањата.“

Во обид да се спречи ова злосторство авганистанскиот председател Хамид Карзаи издаде декрет за смртна казна за оние што киднапираат деца.

Сепак многу родители стравуваат за своите деца додека ги праќаат на училиште, вели Едембирди

„Луѓето, вклучувајќи ме и мене, кои имаат девојчиња во училиште се многу загрижени. Дури размислуваме да им забраниме повеќе да одат. Ако мене таков срам ми се случи јас би го напуштил Кундуз дури и Авганистан.“

Рахима е второ киднапирано девојче од истото училиште годинава.
XS
SM
MD
LG