Достапни линкови

logo-print

МВР одбива да коментира, исламската заедница демантира, експертите во Македонија согласни


Наводите на европскиот експерт за тероризам Клод Монике, кои укажуваат дека скопскиот муфитија Зенон Бериша играл опасни игри со фундаменталистите и неговите конкретни посочувања дека локални криминални организации и Ал Каеда имаат финансиска врска со Македонија, во институциите се коментираат со воздржаност. МВР одби да ги коментира овие гледишта со единствено објаснување дека министерството ги следи сите појави кои имаат влијание врз безбедноста. Директорот пак, на верско образованиот сектор на Исламската заедница во Македонија Јакуб Селимовски, кој зборуваше во негово име, ги отфрли таквите наводи како невистинити:

„Сето тоа се негови слободни видувања, секој човек има право да има слободни видувања, но од тоа нема ништо.“

Спорот во Исламстака заедница го обелодени група имами од скопското муфтиство која покрај посочувањето за финансиски трансакции што наместо за плати биле искористени и за други цели укажа и на опасното влијание на скопскиот муфтија Бериша врз поглаварот на Исламската верска заедница. Според професорот Ванчо Стојчев, во Македонија можноста од присуство на фундаменталисти е отворена, поради глобалниот тренд на обединување на тероризмот во светот. Според него, при инфилтрирањето на терористите во нашата земја, предмет на локаците не е само исламската верска заедница:

„Тој фундаментализам е светска појава, и тие луѓе коишто дејствуваат во Македонија се школувале во тие фундаменталистички центри. Има и во верската заедница членови, но главно тоа се луѓе кои се школувани, индоктринирани, пенетрирани и сега како извршни органи на фундаменталистичката заедница некои преку верската заедница, а некои и преку други институции, но важно е да се напомене дека ги има и во Македонија, а не само во скопската верска заедница. Не би можел да кажам, ама организаторите не бело робје, на дроги, разни невладини или надворешни организации, кои ни се прикажуваат како добротворни.“

Поаѓајќи од овие оценки професорот Стојчев укажува дека обединувањето на фундаменталистите во светот упатуваат на потреба од организирана акција на безбедносните и полициските структури во нашата земја.
XS
SM
MD
LG