Достапни линкови

Џеда: Напад врз американскиот конзулат


Вооружени лица денеска извршиле напад врз американскиот конзулат во Џеда - Саудиска Арабија. Според новинските агенции саудиските сили за бебедност се борат со напаѓачите кои држат заложници. Ситуацијата, како што се јавува доста нејасна. Според агенциите жртви има, а портпаролот на американската амбасада во Ријад Карол Клаин изјави дека нема информации за повредени Американци. Таа соопштио дека поради предострожност затворени се амбасадата во Ријад и другиот конзулат во Дахран. Саудиска Арабија од мај 2003 се соочува со насилство за кое се обвинува Ал Каеда која напаѓа странци и безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG