Достапни линкови

Мосул: Убиени двајца американски војници


Двајца американски војници се убиени, а четворица се ранети при напад на нивната патрола во Мосул, соопшти американската армија. Војниците се нападнати вчера околу 15 часот по локално верме. Со најновите жртви, во Ирак вчера се убиени вкупно четворица американски војници. Уште тројца американски војници се ранети вчера од експлозија на бомба крај патот по кој се движеле со автомобилот во патрола близу Мукдадија, 92 километри северно од Багдад, соопшти портпаролот на првата пешадиска дивизија Роберт Пауел. Бунтовниците продолжија со акциите против ирачката Национални гарда, при што е убиен еден официр, а друг е ранет во Абајач, во близина на Балада, 80 километри северно од Багдад, додаде Пауел.
XS
SM
MD
LG