Достапни линкови

logo-print

Софија: Утре министерски состанок на ОБСЕ


Шефовите на дипломатиите на 55 земји утре во Софија ќе се соберат на дводневен министерски состанок на ОБСЕ, на кој ќе се дискутира за стратегијата за соочување со новите предизвици за стабилноста и безбедноста во 21 век, усвоена изминатиот декември во Мастрих. Се очекува една од важните теми да биде и ситуацијата во Украина, така што форумот во Софија ќе претставува и прва можност за кризата во таа земја директно да разговараат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Колин Пауел. Во Софија веќе неколку дена заради оддржувањето на министерскиот состанок се зголемени мерките за безбедност, воведени се ограничувања за сообраќајот во центарот на градот, а за обезбедување на учесниците ангажирани се повеќе од 1.000 припадници на разни безбедносни служби.
XS
SM
MD
LG