Достапни линкови

Нов начин на утврдување на цената на електричната енергија


Со цел надминување на недостатоците на досегашниот начин за формирање на цената на електричната енергија од наредната година ке почне да се применува нова методологија. Овој период е одбран поради фактот што оттогаш ке почнат да функционираат и новите субјекти на Електростопанство на Македонија, мегу кои и претпријатието за пренос на електрична енергија, објаснуваат од надлежните институции

,,Според новата методологија претпријатијата ќе ги формираат цените врз основа на максимално дозволен приход и ограничување на цените. Овој пристап овозможува ефикасно работење на регулираните претпријатија. Се обезбедува ограничување на приходот и цените.”

изјави Славе Ивановски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика кој додава дека сето ова ке овозможи повисок квалитет на услугите, и оти за граѓаните тоа ке значи квалитетни услуги по прифатливи цени. За тоа од кога ке се почувствува влијанието од примената на новата методологија Ивановски вели:

,,Зависи од моментот кога регулираните претпријатија ќе ги поднесат барањата. Ние имаме најави од ЕСМ дека тоа ќе биде по април 2005 година.”

Тој посочува дека сите промени во енергетскиот сектор како вклучување на Македонија во енергетскиот сектор на Европската унија, промената на новата методологија за формирање на цените на електричната енергија и други директно не повлекуваат и зголемување на цената на струјата. Но, Ивановски посочува дека постојат различни проценки

,,Има некои пресметки кои се доста оптимистички дека може да дојде И до намалување на цените кога ќе се развие регионалниот Пазар. Така што автоматски не значи зголемување на цените.”
XS
SM
MD
LG