Достапни линкови

Приштина: Конститутивна седница на косовскиот парламент


Косовскиот парламент во нов состав денеска одржува конститутивна седница на која најнапред на пратениците ќе им се обрати шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен. Потоа, на седницата треба да бидат избрани претседателот на Косово, претседателот на парламентот и премиерот. За претседател повторно е предложен Ибрахим Ругова, прв човек на парламентот, како и досега, ќе биде Неџат Даци, а за премиер е предложен Рамуш Харадинај.
XS
SM
MD
LG