Достапни линкови

logo-print

Посочени четири случаи на корупција во владините министерства


Во скоро тричасовното сослушување во Јавното обвинителство поранешниот премиер Хари Коство на јавниот обвинител Алексаднар Прчевски му посочил четири конкретни примери за корупција, кои пред се се однесувааат, односно се слчучуваат од страна на Министерството за транспорт и врски:

,,Не кажувам ништо ново, за случаите со доделувањето на ЦЕМПТ дозволите кои му ги посочив на Јавниот обвинител, се поднесени и кривични пријави се води и судска постапка, но сеуште немаат разрешница,“

изјави екс премиерот Костов и додаде:

Како прво, поднесените кривични пријави во 2003 и 2004 година, а кои се однесуваат на распределбата на ЦЕМПТ дозволите во Министерството за транспорт и врски и кривичните пријави против одговорниот раководител на комисијата во тој период. Втор пример е кривичната пријава што во јануари 2004 година, МВР ја поднесе против лицето Веселинов Драган, ако не се сеќавате се однесува за лице фатено на лице место за измама и посредување со 4,700 евра за обезбедување на ЦЕМПТ дозволи, притоа кај него е пронајден список за уште дополнителни четири фирми во коишто земал дополнителни пари во износ од 9,700 евра. Меѓутоа, за жал и за овој конкретен случај, кривичната пријава сеуште нема судска завршница.“

Освен случајот со доделувањето на ЦЕМПТ дозволите, Костов на обвинителството му ги посочил и неговите сознанија со доделувањето на земјиштето на плоштадот Македонија како и случајот со базните станици на двата мобилни оператори во земјава. Обелоденувајки ги доказите кои му ги посочил и на Прчевски, Костов изјави:

„Од разговор воден во МВР на 31 мај, од тој разговор, лицето коешто се јавува каок купувач на таа локација со непосредна спогодба истакнува дека освен цената којашто ја платил редовно од 1,8 милиони денари, дополнително „во кеш“ платил и 200 илјади евра на лица коишто пари ги предал во пицерија во Тетово.“

Јавниот обвинител Прчевски, по доказите и сознанијата добиени од Костов, како што изјави во понеделник ке го повика на разговор министерот за транспорт и врски во оставка Агрон Буџаку, како и уште двајца други министри од владата во оставка.
XS
SM
MD
LG