Достапни линкови

Премиерот во оставка Хари Костов на разговор


Поранешниот премиер Хари Костов денеска во јавното обвинителство доставува документација за наводите за коруптивно однесување на некои членови на владеачката коалиција, што тој ги наведе во образложението на оставката, а беа причина за неговото заминување од владата:

„Сослушувањето ќе биде во одделот за организиран криминал со раководителот на одделот и тоа е се, “

изјавува јавниот обвинител Александар Прчевски.

Во образложението на оставката, екс премиерот Костов, корупцијата индиректно ја лоцираше кај ДУИ и посочи дека постои коруптивно однесување без никаква желба и мерки во борбата против корупцијата. По денешното сослушување на поранешниот премиер, јавниот обвинител Прчевски, за Радио Слободна Европа изјавува дека на разговор во обвинителството ќе бидат повикани и некои министри од владата на Костов:

„Министрите ќе бидат утре, Јакимовски и Стефановски. И останувам при тоа дека се во врска со тоа ќе биде испитано и ќе бидат преземени конкретни дејствија, некои од нив беќе се преземени.“

Министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку ќе биде повикан да одговори во врска со обвинувањата на Костов за повеќе случаи, тој се посочува за корупција во случаите за продажбата на земјиште на плоштадот „Македонија“, базните станици на двата мобилни оператори во земјава, како и издавањето на ЦЕМТ дозволите. Министерот за култура Благоја Стефановски по отркивањето на случајот од страна на анти корупциската комисија ќе биде испрашуван за изградбата на меморијалниот центар во Пелинце. А, министерот за економија во заминување Стевчо Јакимовски за незаконското отворање на затворените угостителски објекти.
XS
SM
MD
LG