Достапни линкови

Багдад: Неколку експлозии, еден загинат, неколкумина ранети


Неколку експлозии го потресоа централен Багдад денеска при што загина еден а ранети се неколку цивили. Некои од гранатите беа истреланаи и во зелената зона во која се наоѓа ирачката администрација и странските амбасади. Американската војска пак соопшти дека од овој месец ќе го зголеми бројот на своите војници во Ирак од 138 на 150 илјади што е најголема бројка од инвазијата во Март 2003. Целта е зголемување на безбедноста во Ирак пред општите избори предвидени за 30 јануари идната година.
XS
SM
MD
LG