Достапни линкови

Едногласна поддршка од политичките партии


Четвртиот по ред контингент на АРМ ќе патува во мировна мисија во ирак. Со согласност на парламентарците, постоечкиот македонски контингент ќе биде заменет со нови 32 членови на АРМ. Владата на почеоткот од неделава предложи испраќање на вод на специјалните единици на АРМ, со задача обезбедување стабилност и поддршка на коалиционите оперативни бази во Ирак:

,,Овој контингент се состои од 32 војници, двајца офицери за врска во Тампа, Флорида и еден офицер за врска, во Багдад. Што значи контингент од составот на специјалните сили и е со иста мисија, зачувување на мирот во ирак. Мандатот како и до сега ќе трае шест месеци,”

изјави заменик министерот за одбрана во оставка Ризван Сулејмани.

Политичките партии по ова прашање се едногласни и меѓу нив нема поделеност околу испраќањето армиски контингент во Ирак:

,,Ставовите наши не се променети,”

изјави Коце Трајановски координатот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските војници во Ирак до сега успешно ја претставуваа нашата земја. Неодамна американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд лично им се заблагодари на војниците и истите беа одликувани со воени медали.

,,Едноставно го работев тоа што ми беше задолжено. За мене тоа е нормална работа.”
XS
SM
MD
LG