Достапни линкови

Сигнал за посветеноста на владата за решавањето на економските проблеми


Со трендот на ,,регрутирање,, на познати бизнисмени и менаџери од македонскиот економски живот во извршната власт, Владата сака да покаже дека по решавањето на битните политички прашања, им дава приоритет на економските проблеми, вака го коментираат економските експерти инволвирањето на менаџери од неколку успешни македонски претријатија во власта, чие учество се најавува и во новата влада.

,,Тоа по мое мислење е добро. Тоа е резултат на неколку пработи. Прво, владата продолжува да биде убедена дека економските прашања се најбитни прашања. Очигледно во сите влади до сега корист имале од академски економисти, меѓутоа, делумна е користа од академски економисти, затоа што тие може да дадат добро толкување ако се добри, анализа, препораки, меѓутоа во делот на спроведување треба менаџерство. Така што, комбинацијата со докажан менаџер е добра, затоа што тој може да ги направи оперативни економските рефомри на владата,”

смета професорот Ванчо Узунов.

За ,,сигналот” кој со ова сака да го покаже власта, во смисла на нејзината посветеност на економските процеси, е согласен и професорот од Економскиот факултет Михаил Петковски. Но, според него успешното менаџирање на одредено претпријатие, не е исто со менаџирање на ситуацијата на економски план во извршната власт во целина. За тоа е потребно нешто повеќе од ,,сенс” за водење бизнис, а тоа е поседување на технократски способности.

,,да водиш економија не е исто, со водење компанија. Потребно е човекот да има поддршка и во самото министерство. Бидејќи во тој момент тој размислува само за фирмата којашто ја раководи. Тој на пример гледа царината да му биде висока, на производот што ги произлегува тој, а не може да согледа какви последици ќе има тоа врз другите макроекономски вариабли.”

Забележува Петковски. Наспроти ова мислење, професор Узунов пак, посочува една поинаква димензија во придобвките од искористувањето на капацитетот на овие досега успешни бизнисмени, а тоа е нивното практично познавање на проблемите во економијата:

,,Што ни фали најдобро знаат самите менаџери, затоа нека си го спроевдат самите, со тоа што некој ќе добие политички мандат.”

Како и да е нивниот заеднички заклучок е дека власта сепак сватила дека политиката и бизнисот се тесно поврзани кога станува збор за спроведување на успешни економски реформи во земјава.
XS
SM
MD
LG