Достапни линкови

logo-print

Уставни измени за целосна промена на системот


По многуте укажувања од меѓународнатата заедница за неефикасност, бавност, корупција, македонското судство стартува со реформирање. Во веќе усвоената Стратегија за реформи на судството од страна на Владата, се предвидува нов начин на функционирање на судовите, укинување на старите и формирање на нови Виши судови кои ке ја преземат надлежноста во водењето на постапки за организиран криминал, корупција, грагански спорови со поголема вредност и стопански спорови, со што во значителна мерка ке се подобри ефикасноста на судството. Во насока на подобрување на ефикасноста, во реформите се предвидува и растеретување на судовите од безбројните предмети, па во иднина мегу другите промени се предвидува, ингеренцииите за наплата на прекршочните казни да бидат пренесени на Полицијата, царината, управните служби. Кога станува збор за независност на третата власт во земјава, Стратегијата со веке декларираната заложба за измени на уставот, предвидува:

„Се очекува да се направат уставните измени коишто ќе го сменат целосно системот. Почнувајќи од изборот, разрешувањето, одговорноста итн, се ќе биде извлечено од законодавната власт и ќе биде пренесено на државно тело кое ќе именува судии и ќе врши надзор и контрола на работата на судиите. Се очекува донесување закон за формирање школа за инциијален тренинг на судии која како основна задача и надлежност, ќе има обука и специјализација на кадри.“

Објаснува министерот за правда Иџет Мемети. Во рамки на уставните измени
кои се предвидуваат, освен судиите и изборот на членови на републичкиот судски совет ке биде во надлежност на посебно стручно тело, со што во значителна мерка тоа ке се деполитизира. Оттаму со реакција.

„За нас е прифатливо, затоа што ако е прифатливо за целата судска фела, затоа што ќе има повеќе луѓе од судството.“

Вели Абдулменах Канзовски потпретседател на републичкиот судски совет.
Новиот начин на функционирање на судовите, е прфатлив за Здружението на судии. За бавноста во реформриањето на судството, и покрај многуте критики упатени на нивна сметка, Претседателот на здружението Агим Мифтари со изјава.

„Тоа не зависело од нас, зависело главно од расположението на политиката, меѓутоа сега работите одат многу брзо, затоа што од надвор ни беше кажано, дека не можеме ниту да помислиме да одиме во Европа, ако не ја направиме реформата во судството.“
XS
SM
MD
LG