Достапни линкови

Повторно отворена амбасадата на САД во Скопје


Американската амбасада во Скопје која поради безбедносни прични беше затворена од петокот денеска повторно е отворена информираа преставници од оваа амбасада не соопштувајки детали за неколкудневниот прекин на работата. Соединетите Американски Држави исто така ги посоветуваа американските државјани да избегнуваат посета на американските фирми и претставништва во македонија, поради добиена закана за безбедноста на американските објекти во земјата. Македонските институции навремено биле информирани за затворањето на амбасадата.

„МВР во петокот беше известено од претставници на амбасадата, дека имале одредени закани, тие побараа поголемо полициско присуство околу амбасадата и истото им беше овозможено,“
изјави портаприолот на МВР Горан Павловски, кој вели дека тоа нев може да се поврзе со Кондово каде веќе подолго време се забележуваа движење на вооружени лица.

„Па, не, како што ви реков тоа се нивни сознанија, немам информација за што се работи.“

Но, дека во Кондово оперираат вооружени лица е дека не треба да замижуваме пре овој реален проблем посочи и мандатрот Владо Бучковски но неделното интервју за Радио Слободна Европа:

„Сите информации кои ги имам и како министер за одбрана во оставка, говорат дека размерите на она што се случува таму не се такви за да доведат до дестабилизација на РМ, но постоењето на вооружени поединци или групи не треба да биде предолго толерирано,“

Коалицискиот партнер на СДСМ ДУИ, односно нејзиниот лидер Ахмети смета дека ситуаијата во Кондово не толку сериозна

„Проблемот на Кондово искрено ви велам дека повеќе е предимензиониран од медиумите отколку што реално постои. Таму се наоѓат два тројца млади луѓе со кој треба да го решиме проблемот. Ниту Струга ќе стане република ниту Кондово ќе стане држава треба да ги избегнуваме овие ситуации,“

изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG