Достапни линкови

Букурешт: Денеска конечни резултати од парламентарните и претседателските избори


Во Романија денеска се очекуваат конечните резултати од парламентарните и претседателските избори што се одржаа во неделата. За парламентот, според неофицијалните резултати, во водство се социјалдемократите. Нивниот премиер Адријан Насатасе води и во трката за претседател. Тој и градоначалникот на Букурешт Трајан Басеску ќе се соочат на гласањето на вториот круг по две недели. Опозицијата веќе упати жалби за неправилности во изборниот процес.
XS
SM
MD
LG