Достапни линкови

Багдад: Четворица ирачки цивили загинале во експлозија на бомба


Во денешната експлозија на автомобил бомба во близина на една американска воена патрола во Багдад загинале четворица ирачки цивили, додека дваесетина други биле повредени. Синоќа, во напад на бунтовниците во северен Ирак, како што соопшти претставник на американската армија во Багдад. загинал еден американски војник. Агенциите пренесуваат дека до нападот дошло во близина на градот Алаз и оти цел на ирачките бунтовници биле припадниците на Првата пешадиска дивизија.
XS
SM
MD
LG