Достапни линкови

logo-print

Шанси: Малку надежи за преживеани во рударската несреќа


Во несреќата во рудникот за јаглен во кинеската провинција Шан си, како што јавуваат агенциите, постоеле малку надежи дека има преживеани. Во рудникот во време на несреќата имало скоро триста рудари. Дваесетина од нив загинале, сто и дваесет успеале да излезат, додека сто и четириесет останале во јамата. Во Кина секоја година во рударски несреќи загинуваат над седум илјади рудари.
XS
SM
MD
LG