Достапни линкови

Мадрид: Сведочење на шпанскиот премиер за бомбашките напади


Поранешниот шпански премиер Хозе Марија Азнар денеска би требало да сведочи пред парламентарната комисија која ги испитува терористичките бомбашки напади во Мадрид во март годинава. Азнар загуби на изборите што се одржаа три дена по овие напади во кои загинаа сто деведесет и едно лице. Некои аналитичари сметаат дека Азанар загубил поради тоа што за нападите ја обвинил баскиската сепаратистичка група ЕТА, а не, како што се покажало подоцна, исламистичките организации поврзани со терористичката мрежа Ал Каида.
XS
SM
MD
LG