Достапни линкови

Букурешт: Владеачката социјал демократска партија во водство


Романската владејачка Социјал демократска партија е во водство на парламентарните избори. Ова го покажуваат неофицијалните резултати од вчерашните избори. Сепак, според нив, социјалдемократите не ќе можат сами да формираат влада. Вчера во Романија се одржа и првиот круг од претседателските избори. Неофицијално, премиерот Адријан Насатасе водел пред градоначалникот на Букурешт Трајан Басеску. Романската опозиција упати забележки за гласањето и ги обвини властите за нивно фалсификување.
XS
SM
MD
LG