Достапни линкови

Киев: Врховниот суд расправа за претседателските избори


Украинскиот Врховен суд на денешната седница расправа за одлуката на Централната изборна комисија дека во вториот круг од претседателските избори победи премиерот Виктор Јанукович. Во минатата недела Врховниот суд забрани да се објави оваа одлука со што ја блокираше инаугурацијата на Јанукович. Пред зградата на Врховниот суд, како што јавуваат агенциите, денеска се собрале илјадници демонстранти кои бараат оставка на владата и нови избори. Инаку, парламентот на Донетск, од каде што потекнува премиерот Јанукович, вчера донесе одлука на петти декември да одржи референдум за автономија на овој украински регион.
XS
SM
MD
LG