Достапни линкови

Букурешт: Денеска претседателски и парламентарни избори


Во Романија денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори на кои 18 милиони граѓани со право на глас ќе избират меѓу 12 председателски и 13 илјади кандидати за пратеници.
За фаворити се сметаат владеачката социјалдемократска партија и опозициониот сојуз на национал либералите и демократите. Претседателски кандидат на владеачките социјалдемократи е актуелниот премиер Адријан Настасе, а на опозиџијата градоначалникот на Букурешт Трајан Басеску. Што се однесува на општите избори, аналитичарите оценуваат дека на нив нема да има апсолутен победник односно ниедна партија нема да освои такво мнозинство за да може самостојно да формира влада.
XS
SM
MD
LG