Достапни линкови

logo-print

Киев: Јушченко повика на повторување на вториот круг на 12 декември


Кандидатот на опозицијата за претседател на изборите во Украина Виктор Јушченко изјави дека сака вториот круг од изборите да се повтори на 12 декември, по состанокот со ривалот Виктор Јанукович, актуелниот претседател Леонид Кучма и странските посредници. На состанокот не беше постигнат договор за решавање на кризата во Украина, освен што двете страни се договорија да не употребуваат сила. Јанукович и Јушченко разговараа во присуство на леонид Кучма, претседателите на Полска и Литванија, Александар Квашњевски и Валдас Адамкус, претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана и на ОБСЕ Јан Кубис и претседателот на руската дума Борис Гризлов.
XS
SM
MD
LG