Достапни линкови

logo-print

САД силно ги отфрлија официјалните резултати


Соединетите Држави силно ги отфрлија официјалните резултати од претседателските избори во Украина според кои победи прорускиот премиер Виктор Јанукович. Ваквата реакција, меѓу другото, беше дополнителен импулс за континуирани протести од страна на опозициониот кандидат Виктор Јушченко. Како сериозно украинската криза ќе се одрази врз американско руските односи.

Тонот на американскиот државен секретар Колин Пауел беше строг.

„Не можеме да ги прифатиме овие резултати како легитимни, бидејќи тие не ги исполнуваат меѓународните стандарди и оти нема истрага за бројните и валидни извештаи за нарушувања и фалсификувања.“

Изјави Пауел, додавајќи дека неповедувањето на истрага ќе предизвика последици во односите меѓу двете земји. Според некои аналитичари, ваквата негова изјава индиректно е адресирана до Москва. Како што е познато, рускиот претседател и пред соопштувањето на резултатите му честиташе на Виктор Јанукович на неговиот избор за нов претседател. Виктор Кременјук е заменик директор на институтот за Соединетите Дршави и Канада при Руската академија на науките. Тој за Радио Слободна Европа вели дека инсистирањето на Москва на поддршка на администрацијата на претседателот во заминување Леонид Кучма би можело да се одрази врз релациите со Вашингтон.

„Секако дека ќе има последици. Тие ќе зависат од ставот на Москва што ќе го усвои во наредните денови. Топката е префрлена во наши раце. Американците јасно ја кажаа нивната позиција и објаснија зошто не го признаваат исходот од изборите.“

Вели Кременјук. На сличен став е и Владимир Печатнов кој раководи во одделот за американски и европски студии на московскиот Институт за меѓународни односи кој вели дека американско руските односи минуваат низ пресудна фаза.

„Во однос на целосниот ефект што украинската криза би можела да ја има врз нашите односи, би сакал да кажам дека тие секако ќе бидат ископлицирани. И двете наши земји минуваат низ сериозен тест кој ќе им покаже дали тие можат да најдат заедничко разбирање околу Украина. Оваа земја е многу поважна за нас отколку за Соединетите Држави. Но, не мислам дека Русија би сакала да плати висока цена во поддршката на еден кандидат. Не е во руски интерес ситуацијата да излезе од контрола.“

Вели Печатнов кој смета дека токму соработката меѓу Соединетите Држави, Европа и Русија може да помогне во отстранувањето на опасноста за влошување на кризата во Украина. Впрочем и повеќето други аналитичари се на став дека ниту Москва, ниту Вашингтон, кои соработуваат на безбедносен план во Централна Азија, немаат интерес да ги расипат односите поради Украина.
XS
SM
MD
LG