Достапни линкови

logo-print

Бучковски избран за лидер и мандатар на новата влада


Централниот одбор на партијата, веднаш по завршувањето на Конгресот го назначи Бучковски за мандатар. Неговите очекувања се дека со составувањето на новиот владин кабинет нема да се одолговлекува:

„Новата влада, од денеска најдоцна за три недели.“

Според уставните одредби, по доделувањето на мандатот почнува да тече рокот од 20 дена за формирање на владата. Новиот лидер на СДСМ и иден премиер Бучковски со порака со опозициските сили на земјава:

„Ќе им понудиме да градиме европска и евро атлантска Македонија. Верувам дека она што декларативно го кажаа треба да го направат и практично. А, од друга страна верувам дека и ние кога ќе ги смениме позициите ќе бидеме доволно коректни да возвратиме со иста мера.“

Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека новиот лидер на СДСМ треба да работи во насока да ги надмине сите негативности кои ги имаат направено во изминативе две години, колку што тие се на власт:

„Тие би требало сите овие негативности што ги направија овие две години, со новиот претседател на партија и премиер да ги надминат, значи невработеност, сиромаштија, отсуство на инвестиции, би требало да се надмине со новиот претседател на партијата и премиер.“

Но, сепак Трајановски се сомнева во капацитетите на Бучковски дека тој може да направи нешто повеќе во подобрувањето на економската состојба:

„Се сомневам со оглед на тоа што до кој степен е дојдено со ерозијата во општеството. Македонија е многу слаба на полето на економијата. Гледајќи од која област доаѓа Бучковски, неговото е политичко искуство, јас се сомневам дека сето тоа ќе се оствари.“

Инаку, деновиве се очекува да се интензивираат контактите меѓу коалиционите партнери околу составот на новиот владин кабинет, односно нивните партиски решенија. Според најавите, реално е да се очекува промена на одредени министри и ротирање на ресорите меѓу одредени парнери.
XS
SM
MD
LG