Достапни линкови

Киев: Продолжуваат протестите против Јушченко


Илјадници подржувачи на украинскиот опозиционен лидер Виктор Јушченко се собраа и денеска пред парламентот и владата во Киев следејќи го неговиот вчерашен повик за блокада на овие згради при што беше спречен премиерот Виктор Јануковиќ да влезе во својот кабинет. Ова е петти ден од протестите во Киев и блокадата доаѓа по вчерашната одлука на Врховниот суд на Украина за привремено стопирање на инаугуарацијата на премиерот Виктор Јануковиќ за претседател на државата. Судот соопшти дека ќе биде разгледан апелот на Јушченко дека на неделните претседателски избори во Украина имаше лажирања во корист на Јануковиќ. Со цел кризата да биде решена мирно денеска во медијаторска мисија во Киев пристигнаа евро комесарот Хавиер Солана, генералниот секретар на ОБСЕ Јан Кубис, и претседателите на Полска и Литванија Александар Квашњевски и Валдас Адамкус.
XS
SM
MD
LG