Достапни линкови

Бесперспективноста главна причина


Иако во Македонија сеуште нема прецизна епидемиолошка студија истражувањата што ги прави клиниката за психијатрија вели доктор Георги Чадловски покажуваат раст на депресивните состојби од 50 до 60 насто:

„Транзицијата, овие економски односи доведоа до страшна промена во структурата на семејството, затоа што Македонецот се знаеше дека има хармонично семејство во средни граници, дека има патријархално семејство, а колку е попатријархално толку повеќе заштитува од депресија.“

Последиците од стилот на живеење што ги наметнува овој транзициски период велат граѓаните се чувствуваат секојдневно:

„Трчаш по работа. Напнато е. Пари нема.“
„Напнато е, политичарите зборуваат само за политика.“
„Никако, стресно. Се знае како е ситуацијата мизерија во раскош.“


Иако вели доктор Чадловси Македонија сеуште има ниска стапка, сепак бројот на самоубиства како последица на депресивните сосојби кај луѓето расте, всушност во Македонија расте бројот на обидите за самоубиства, особен кај младите луѓе а карактеристичен по оваа појава е токму главниот град

„Шетаат младите на улица, не ја гледаат својата перспектива во овој свет. Подруги се социолошките и економските односи и во одредени моментни на депресивна криза се решаваат на самоубиство и тоа расте рапидно.“

Всушност ова е и глобален проблем и во западните земји како и во земјите на транзиција и вели доктор Чадловски, истражувањата на сзо говорат дека до 2020 година депресиите и стресот ке бидат на второ место веднаш зад кардиоваскуларните заболувања.
XS
SM
MD
LG