Достапни линкови

logo-print

Избор на нов лидер


Дилемата кој ќе ја води најголемата политичка партија во земјава СДСМ ќе биде решена денеска. Делегатите на Конгресот избираат меѓу ројцата кандидати Владо Бучковски, Радмила Шеќеринска и Тито Петковски. Сите од нив очекуваат да бидат избрани за лидер. Поделеноста меѓу таборите на тројцата кандидати последниве денови беше се поевидентна. Ќе се пресметуваат ли спортивставените табори по завршувањето на Конгресот останува да се види.

Тито Петковски вели дека при утврдувањето на кандитатурите евидентни биле непринципиелни постапки на одредени лица во партијата и семта дека тоа е неизбежно и при денешниот избор на нов лидер:

,,Ако се суди по постапката за евидентирање на кандидати не би можело да се очекува фер И демократска атмосфера. Изборот верувам дека мора да има демократски бидејќи ќе се спроведува по сите демократски правила, но може да се очекуваат непринципиелни дискусии. Навистина очекувам поддршка на овој конгрес од членството, да се материјализира поддршката што перманентно ја имам.”

Во наши околности најдобро е лидерот на најголемата поклитичка партија да стане и премиер е ставот на експертите во зем јава кои се повикуваат на досгашното искуство

,,Ценам дека најдобро е тоа да биде исто лице. Бидејќи ако не е успешен во извршувањето на таа функција тогаш треба да ја сноси и одговорноста.”

изјави Панде Лазаревски од институтот за социолошко и политичко правни истражувања.

Согласно устванте и законски оредби во недела истекува рокот за именување мандатар за составување на новата Влада. Дотогаш претседателот на дравата би требало да го назначи мандатарот, по што следи рокот од 20 дена за составување на новиот владин кабинет.
XS
SM
MD
LG