Достапни линкови

Киев: Продолжуваат протестите на опозицијата


Илјадници поддржувачи на опозицискиот претседателски кандидат Виктор Јушченко и денеска се собраа на протести во Киев и покрај многу студеното време. Одреден број демонстранти четири ноќи поминаа на улиците, не согласувајки се со резултатите од изборите што ги соопшти државната комисија, според кои, победник е про-рускиот кандидат Виктор Јанукович. Полицијата и војската ги обезбедуваат претседателската палата и другите институции и засега нема инциденти. Европската Унија, Соединетите Држави и НАТО побара од властите во Киев да ги преиспитаат резултатите од гласањето, кое според поматрачите не било фер и демократски.
XS
SM
MD
LG