Достапни линкови

Граѓаните ја преземаат правдата во свои раце


Примерите на земање во заложништво на лица што се вработени во институциите на државата од страна на корисниците на услуги, стануваат се поприсутен тип акција преку кои граѓаните се обидуваат да издејствуваат одредено барање. Последен пат, тој тип притисок беше манифестиран од страна на корисниците на социјална помош, врз вработените во Центарот за социјална помош, поради укинувањето на парите за дел од нив. Врз расветлување на овој случај веќе работи комисија од Министерството за труд и социјална политика, но според првичните информации, во позадина станува збор за несоодбетно работење на група работени во центарот, кои без образложение ја стопирале исплатата на помошта.

„Ова се корисници што користат социјална парична помош. Согласно со одлуката должни се на секои три месеци да депонираат потпис. Но, тие не доаѓале. Место нив се потпишувале други лица и од таа причина директорката ги повлекла картоните и ја стопирала исплатата,“

велат од министерството за труд и социјала.

Но, примерите на самоиницијативност на граѓаните кои поради чувство на ускратени права правдата ја земаат во свои раце не завршуваат со овој случај. Во изминатиот период внимание предизвика случајот на земање во заложништво на ректорот на Тетовскиот универзитет од страна на студентите на непризнатиот Медицински факултет, кои на тој начин бараа решавање на статусот на нивната институција. Исто така, група имами од Исламската заедница извршија сличен притисок поради неисплаќање на нивните плати. Примерите како овие имаат различни мотиви, но според социологот Ило Трајковски, тој тип примери гооври за недоверба на граѓаните во институциите на државата:

„Станува збор за изнудена акција на граѓаните. Тие имаа чувство дека правдата не им е задоволена. Сето тоа зборува друго, институциите се слаби и дека луѓето и внатре во институциите се однесуваат по свое.“

Според социолозите клима за ваквиот тип недозволени чекори на граѓаните во основа создава лошата економска состојба во државата.
XS
SM
MD
LG