Достапни линкови

Околу 70 насто од граѓаните сметаат дека владата е корумпирана


Повеке од две третини од граганите во земјава, сметаат дека владата е корумпирана, а само скромни 11% одговориле со не, ова се податоците на Институот за демократија, солидарност и цивилно општество, спроведена пред два дена. И скорешните укажувања на Антикорупциската комисија, но и наводите за корупција во владата од страна на екс премиерот Костов во неговата оставка, повторно ја вратија на површина темата дека и покрај заложбите, борбата против корупцијата во земјава не постигна забележителни резултати, и таа сеуште и според најновите анкети е на високо ниво.
Лавината реакции најповеќе се однесуваа на неефикасноста на јавното обвинтелство. Републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски за Радио Слободна Европа изјавува дека терминот е прецизиран и наредната недела тој ќе го повика на разговор екс премиерот Костов за испитување на случаите за коруптивност што тој ги наведе.

,,Се во врска со тоа ќе биде испитано, а во наредниот период ќе имаме испитување и на конкретни личности, меѓу кои и сегашниот премиер во оставка, во врска со се она што има кажано во образложнието на оставката.”

Генерално, зборувајќи за акцијата за спречување на корупцијата во земјава, од Антикорупциската комисија велат дека обвинителството покажува пасивност во справувањето со ова зло.

,,Во поглед на релациите со јавниот обвинител очигледно е и повеќе од потребно да се воспостави комуникација на потребно ниво.”

изјавува Драган Малиновски член на Антикорупциската комисија. Јавниот обвинител пак одговара.

,,Ние сме во зачетоци за користење на средства и методи согласно новите методи од законот за кривична постапка и имаме некои резултати од тоа, а се надевам ќе имаме можност и да се справиме, односно спречиме такви кривични дела.”

Во меѓувреме, коментирајки ги ефектите на влијанието на корупцијата врз граганите, согласно нивниот став искажан во најновата анкета на Институтот за демократија, економските експерти коментираат.

,,Како што гледате веќе и граѓаните тоа го чувствуваат. Тоа значи дека граѓанинот од една страна плаќа данок, а од друга страна рекет, значи, два пати се оданочува,”

заклучува Абдулменаф Беџети професор на Економскиот факултет при Штуловиот универзитет.
XS
SM
MD
LG