Достапни линкови

Пекинг: Иран нема да се откаже од својата нуклеарна програма


Иран никогаш нема да се откаже од својата нуклеарна програма, но е подготвен да даде гаранции дека збогатениот ураниум ќе биде корисетн за мирољубиви цели. Ова денеска во Пекинг го изјави главниот ирански преговарач за нуклеарното прашање Хосеин Мусавиан. Техеран пред два дена најави целосна суспензија на сите активности околу ураниумот што ја побара Меѓународната агенција за атомска енергија. Утре во Виена Управниот одбор на оваа Агенција треба да одржи состанок.
XS
SM
MD
LG