Достапни линкови

logo-print

Кабул: Ослободени тројцата работници на ОН


Обединетите Нации потврдија дека во Авганистан се ослободени тројцата нивни работници од Северна Ирска, Косово и Филипините, кои беа киднапирани пред 27 дена. Тие се во Кабул и не се повредени. Веста за ослободувањето дојде неколку часа по нападот на две куќи во Кабул при што се затворени 10 лица во врска со киднапирања. Министерот за внатрешни работи на Авганистан Али Ахмад Џалали демантира дека бил постигнат договор со киднаперите за ослободивање на затворениците. Имено член на талибанската фракција Армија на муслиманите изјави дека заложниците се ослободени во замена за 24 талибански затвореници.
XS
SM
MD
LG