Достапни линкови

На скопскиот факултет има место за студентите од албанска националност од Македонија


Студентите од нелегалниот медицински факултет во Тетово продолжуваат да штрајкуваат барајќи министерството за образование да го реши нивниот, односно статусот на оваа институција што со законот не влезе во рамките на Универитетот во Тетово. Башким Саити кој ги претставува студентите и нивните барања вели дека министерството за образование и покрај ветувањата дека на студентите од Косово и од Албнија ќе им овозможи трансфер на факултетите во Тирана и во Приштина тоа сеуште не го напрвило:

„Нашите барања прво се да се легализира медицинскиот факултет во Тетово, а второто барање е да се направи колективен трансфер на сите студенти што се школуваат тука.“

Од вкупниот, бројот на студенти што се школуваат на медицина во Тетово најголемиот број отпаѓа на студенти од Косово и од Албанија. Ректорот на Универзитет Неџбедин Беадини вели дека штрајкот ќе продолжи.

Министерот за образование Азис Положани вели дека министерството не се откажува од барање решение:

„Останува нашата залжоба студентите да не ги оставаме студентите во оваа ситуација и во рамките на Законот за високо образование да го решиме нивниот проблем, трансферирајќи ги во легалните институции во земјава, а доколку некој не сака, тогаш ние сме во преговори тоа да го направиме со универзитетите во Тирана и Приштина.“

Деканот на медицинскиот факултет во Скопје, Професор Јордан Савевски вели дека на овој факултет има место за студентите од албанска националност од Македонија, но не и за странските државјани. Според професорот Савевски опстојувањето на нелеглниот факултет во Тетово е надвор од стндардите:

„Таму нема доволно доктори на науки, нема доволно професори, не може законот да важи за еден вака, за друг така. Тешко се формира медицински факултет, не бара само столици и предавачи, тој има жива материја и треба да има одредени услови.“
XS
SM
MD
LG