Достапни линкови

Сигнал за приближување на ЕУ


Потпишување на рамковна спогодба меѓу Македонија и Европската Унија, што значи учество на земјава во програмите на европската заедница, е дел од агендата на денешниот министерски форум на земјите од процесот за стабилизација и асоцијација и ЕУ што се одржува во Брисел. Со потпишувањето на оваа спогодба земјите од западниот балкан како потенцијални кандидати за членство во европската заедница, практично се вклучуваат во т.н. ,,стратегија пред пристап,,. Објаснувајки го значењето на ова стратегија за Македонија и воопшто земјите од западен балкан, Душко Узуновски, портпарол на Министерството за надворешни работи вели.

„Секако е голем сигнал и знак дека ЕУ се приближува и на делот на земјите од процесот за Стабилизација не гледа како некоја далечна зона, туку напротив гледа како некој европски простор, кон кој се проширува.“

Потпишувањето на денешната рамковна сопогодба на маргините на форумот во Брисел, ке и овозможи на Македонија добивање на финансиски средства од ЕУ преку учество на проекти од повеке суштински области:

„Тоа е уште една реализирана задача од пост солунската агенда. Значи, и се дава можност на Македонија да учествува во програмите на заедницата, кои ги опфаќаат сите заеднички политики, тргнувајќи од програми коишто се во делот на демократијата, медиумите, социјалните права, но и особено апострфирајќи ги можностите на образовниот систем и младите, делот во борбата против организираниот криминал, царина итн. Значи, на овој начин ќе биде дадена можност на Република Македонија со квалитетни проекти да учествува во програмите на заедниците, заедно и рамноправно со ЕУ,“

објаснува Драган Тилев, раководител на секторот за евроинтеграции, кој додава:

„Ова е уште еден чекор поблиску до заедничките политики на ЕУ.“

Во период кога македонија веке работи на пополнување на европскиот прашалник, на самитот во Брисле ке биде направена ревизија за тоа до каде е земјава во процесот на Евроинтеграции, по солунскиот самит во 2003 година.
XS
SM
MD
LG