Достапни линкови

Египет: Мировна конференција за иднината на Ирак


Во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик се одржува дводневна меѓународна конференција за иднината на Ирак. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари изјави дека ќе побара од соседните земји засилување на контролите на границите и размена на информации за активностите на милитантите. На состанокот ќе стане збор и за ирачкиот надворешен долг, а е предвиден и завршен документ во кој треба да биде истакната водечката улога на Обединетите Нации во политичкиот процес во Ирак.
XS
SM
MD
LG