Достапни линкови

Киев: Втор круг претседателски избори


Еден полицаец е убиен, а регистрирани се повеќе случаи на кршење на изборниот закон јавуваат агенциите за претпладневниот дел од вториот круг председателски избори во Украина каде граѓаните треба да изберат еден од двајцата кандидати актуелниот премиер Виктор Јанукович или лидерот на опозицијата Виктор Јушченко . Гласањето е запрено во местото Молодеска во централниот дел на земјата поради убиство на полицаец, како и во регинот Волин поради крадење на гласачките ливчиња. Првиот круг мина во голем број нерегуларности поради што меѓународните набљудувачи соопштија дека не ги исполнил демократските стандарди. Аналитичарите сметаат дека овие избори се судбоносни за иднината на Украина бидејќи ќе покажат во која насока ќе се движи земјата кон Москва која го подржува Јанукович или кон Запад за што се залага опозиционите лидер Јушченско.
XS
SM
MD
LG