Достапни линкови

logo-print

Љупчо Јордановски, претседател на Собранието на Македонија. Не може да има политичка криза


Господине Јордановски можна ли е политичка криза, како што предупредува опозицијата, по оставката на премиерот Костов?

Па, не сметам дека може да дојде до политичка криза. Парламентот си фунцкионира по своите уставни надлежности. Ние сега чекаме мандатар и да се достави до парламентот мандатар и да се достави до парламентот состав на новата влада со експозе. Значи има само еден дел од трите власти во регрупирање или во оставка, ама тоа не го засега парламентот. Дури и оваа влада во оставка има право да носи закони, така што парламентот ќе си функционира и понатаму.

До кога очекувате да заврши постапката за избор на новата влада?

Па, сепак влада во оставка не е исто со влада со легитимитет и затоа очекувам дека роковите ќе бидат скратени. Сето тоа зависи од коалиционите партнери, како ќе се договорат. Јас мислам дека до крајот на декември ќе имаме нова влада.

Помина повеќе од половина од мандатот на актуелната власт, и постојано сме преокупирани со некои политички случувања. Има ли време да се посветиме на економската ситуација. Кога Парламентот ќе почне да дебатира, да одлучува, да предлага закони од економска сфера?

Јас сметам дека втората половина од мандатот е доволно, затоа што ние многу тешки политички прашања или обврски ги поминавме низ парламентот, како имплементација законска на уставните промени, кои беа обврзани со Рамковниот договор. Следните две години мислам дека се доволен простор за новата влада да покаже дека линијата почнува да се движи нагоре во економијата, значи ништо спектакуларно. Бидејќи ние, ако го земеме предвид и прашалникот што треба да биде одговорен до крајот на јануари, се надеваме дека одговорот од ЕУ ќе биде позитивен ќе бидеме земја кандидат за членство и со тоа ни се отвораат поголеми финансиски фондови, а ние навистина сме во ситуација, каде што немаме наши внатрешни ресурси за заживување на индустријата и стопанството, па тие фондови ќе ни дојдат многу корисно. По признавањето на уставното име од страна на најсилната држава во светот, се создаваат и други услови за да дојде странскиот капитал директно. Рамковниот договор после референдумот се затвора. Така што тие политички теми со коишто бевме оптеретени, безбедноста и реализација на рамковниот договор мислам дека се затворени и со тоа се отвора простор повеќе да работиме на економски план.

Кои се обврските од Рамковниот договор што му претстојат на Собранието?

Останаа неколку закони, нешто што се вика континуирано што ни е должност. Правичната и рамномерна застапеност, ама тоа не е краток процес, тоа е континуиран процес. Она што можеби наш уште не чека од почувствителните закони, тоа се Законот за упореба на јазиците и Законот за симболите и мислам со тоа ние дефинитивно ќе го затвориме прашањето за имплементација на Уставот. Затоа што јас не сакам повеќе да разговарам за имплементација на Рамковниот договор, туку за имплементација на Уставот, затоа што Рамковниот договор е веќе таму имплементиран преку измена на амандманите.

Кога може да се очекува нивно донесување во парламентот и очекувате ли жестоки дебати?

Па, не верувам лично, бидејќи нас сега ни доаѓа избор на нова влада, па локални избори, ние немаме време тие два закони да ги пуштиме во процедура да се расправаат пред локалните избори. И веројатно дека ќе има, не сакам да кажам жестоки, туку поинтензивна, емотивна дискусија. Не би сакал да ја коментирам оставката на поранешниот премиер. Можеби има тука некои елементи на вистина, ама ние сме должни со Рамковниот договор таа застапеност да ја реализираме искрено да ви кажам тешко е за година две, од еден – два насто, колку што имаше, да направите и десет насто. Затоа и во рамковниот договор пости таа забелешка дека тоа е континуиран процес, којшто треба да се заврши до крајот на декември 2006.

Предлагате промени во собранискиот деловник и ригорозни парични казни за пратениците кои ке отсуствуваат неколку пати од седниците, ограничување на дискусиите, за сите овие промени наидовте на критики кај пратениците?

Јас на почетокот на мандатот реков дека ќе предложам измени на Деловникот, но наидовме на неспецифични седници, каде што се открија дупки во Деловникот, што беа легално користени за искажување на политичките ставови и да попречат донесување одредени закони со коишто нормално не се слагаат. И жалам што пратениците баш тој елемент околу санцкиите за редовноста, го издигнаа на толку високо ниво, иако има таму нмогу други позначајни промени. Со овие предлози, оптимално, рационално ограничување. Јас водев статистика, дека во просек 15 минути не се троши. Иако имаше некои рекорди од саат – два, ама тоа било намерно правено.

Сметате дека ова ќе ја подобри ефикасноста на Собранието?

Сметам дека ќе ја подобри ефикасноста, можеби не за сто, 200 насто, ама јас би бил задоволен и со 50 насто.

Ваше видување на Предлогот за иземени на Законот за избор на претеници, предложено од група пратеници на ВМРО ДПМНЕ? Се појавија многу критики, вклучувајки ги и оние на експертите. Каква е според вас оправданоста на предложените измени што ке овозможат трансфер на пратениците?

Баш пратениците не ги менуваат законите како што ќе им текне, затоа што законите во 95 насто ги поднесува Владата. Ова е закон што ги засега пратениците, ама тоа не е по мене толку битно или приоритетно, по мене, сепак уставно тој закон не е во ред и затоа тој е даден од страна на други субјекти на нашата политичка сцена пред Уставен суд и она што сега се зборува во медиумите, дека ова ќе ја поттикне внатрепартиската демокартија. Затоа што два услови се потребни, да имате статут што дава можности и после се зависи од поединецот. Така што, не сметам дека пратениците ги прават законите како што им одговара, од едноставна причина што владата ги предлага на парламентот.
XS
SM
MD
LG