Достапни линкови

Членството во апатија


Македонското синдикално членство е западнато во тешка апатија. Аргументот е, и покрај незавидната социјална и материјална позиција во која се наоѓа многу е тешко да се натера да излезе на протести, вели Пеце Груевски од гранскиот синдикат на Управата. Минималната сатисфакција која ја добиваат од работодавачите и стравот од евентуално губење на своето работно место се едни од главната причина зошто во моментов е многу тешко во Македонија да се организираат протести.

„Најавивме протест, не се одржа, не постои расположение кај луѓето.“

Во текот на вчерашниот ден претседателството на ССМ одлучи, идејата за организирање на протести се замрзнува. Наспроти тоа ќе се организира едукациска кампања. Причината е, неинформираноста на членството во делот на тоа што ги очекува вработените со новите измени на законот за работни односи.

„Јас сум бил во неколку организации, што правиме со штрајкот? Каков штрајк! кога ќе седнам да им кажам што не очекува, остануваат запрепастени.“

Замрзнувањето на идејата за организирање на протести е сосема погрешен потег. Едукациската кампања и најавите за протести треба да течат паралелно е ставот на претседателот на гранковиот синдикат на металурзите и енергетичарите Пеце Ристевски:

„За мене прифатливо е, сега се води кампања, ако не се постигне компромисно решение, во однос на измените со владата, тогаш мора да следи нешто масовно.“

Според синдикатот кратењето на работничките права со новиот закон ќе бидат огромни, што според нив би требало да биде доволна причина доколку не се прифаќа забелешките на ССМ да се излезе на масовни протести:

„Годишни одмори ќе се кратат, ќе се крети хранарина, превоз, флексибилност во вработувањето, ќе ни остане само една гола плата. Ако тука нема единство меѓу членството и не сака да стане, кој му е повеќе виновен на работникот?“

И додека ССМ се подготвува за едукациска кампања со цел да му се објасни на членството што го очекува со новиот закон за работни односи парарелно првите луѓе на синдикатот бара организирање на итна седница на економско социјалниот совет.
XS
SM
MD
LG