Достапни линкови

Атомска бомба што може да ги разори односите


Македонците и Албанците имаат разллична перцепција на историјата. Оние што за првите се херои, за другите се губитници и обратно. Различното видување на минатото мегу двете заедници, досега можеби прикриено, добива на интензитет. Јазот посебно се акутелизираше по „изгидгнувањето“ на неколку споменици на поранешни албански херои во Тетово, до најсвежиот настан, откривање на меморијален центар и трибина посветена на отпорот на балистите во текот на Втората светска војна. Не станува збор за провокација, ова е дел од историјата, коментира Веби Џемаили од Здружението на албанските историчари.

„Македонците не беа заинтересирани да ја студираат оваа проблематика. Тие имаат свои проблеми и свои теми, ние сега сакаме ова да излезе на виделина, со документи и аргументи, да се каже вистината, ништо друго.“

Толкувајки го овој период од историјата, македонските историчари не гледаат ништо друго освен класична провокација објаснуваат:

„Балистите секогаш биле на страната на другиот, на страната на фашистите и сега не можеме да ги правиме ослободители колку и да се сака. И ова е многу опасен момент, бидејќи на крај ќе испаднеме држава кадешто се креваат бисти на фашистички и нацистички соработници.“

Објаснува професорот по историја на Филозофскиот факултет, Далибор Јовановски.

Ваквото ралично поимање на минатото, предизвика реакција и меѓу борците од Народноослободителната војна.

„Се она што е против НОБ, борците преку тоа не може да поминат.“

Наспроти реакциите, црно-белиот свет во толкувањето на историјата, се повеќе ги предлабочува недоразбирањата мегу двете најголеми заедници. Тоа е како атомска бомба, и може целосно да ги разори односите. Во Македонија веќе постојат два различни образовни системи, различни споменици, различни јунаци, а за да ги пронајдеме заедничките херои, сметаат историчарите потребнo е ревидирање на историјата:

„Јас неколку пати го имам посочувано словенечкиот пример. Тие седнаа и со Австрија и со Италија и формираа заедничка комисија. Но, кај нас, еве не се направи тоа. Јас предлагав тоа да се направи и со Албанците и со Бугарите, затоа што ние имаме разидување во толкувањто на историјата.“

заклучува професорот од Институтот за национална историја Новица Велjановски.

Процесот е на „мртва точка“. Иако, наоѓањето на средина во историјата е предмет на рабона на комисијата меѓу историчари од двете страни при Министерството за образование.
XS
SM
MD
LG