Достапни линкови

Повеќе од еден милион деца годишно жртви на секс трговија


Повеќе од еден милион деца годишно се жртви на секс-трговијата, соопштија Обединетите Нации. Децата се или прелажувани или едноставно украдени од нивните семејства, а потоа принудувани на проституција. Податоците се застрашувачки

Полицијата во јужниот казастански град Шимкед разби синџир на трговци со луѓе . Во акцијата се пронајдени осум девојчиња, најстарата имаше 17 години, што требаше да бидат продадени во Песискиот Залив. Портпаролот на полицијата Еркин Икаров објаснува дека нив им било кажано оти ќе бидат испратени на добро платена работа во странство

„Тие ги чуваа девојчињата за сексуална експлоатација. Веќе беа подготвени пасоши и патни документи за нив.“

Државите во централна Азија се извор, транзитна точка но и дестинација на шверцот со луѓе. Повеќето од жртвите се шверцуваат во Русија, Персискиот Залив. Турција, Источна Азија и Европа.

Жртви на таканареченото сексуално ропство не се само девојчиња. Председателот на таџикистанска невладина организација која се бави со заштита на жените Гулчехра Мирзоева вели:

„Зборувавме со 6 макроа и еден ни кажа дека Арапите бараат да им испратат млади момчиња. Според него арапите сакаат млади момчиња меѓу 12 и 14 години со плави очи. Нивната цена зависи од тоа. “

На конференцијата во Банког представници на Овбединетите Нации се согласија дека трговијата со деца станува се пораширена.

Висок представник на УНИЦЕФ Гополан Балагопал потврдува:

„Гледаме дека децата продолжуваат да бидат сексуално експлоатирани. И шверцувани. Само на интернет има многу матерјал кој директно потврдува постоење на сексуална експоатација на деца.“

Млади девојки од југоисточна азија се носат во Тајлад со ветување за добра заработувачка, а завршуваат како проститутки. Се смета дека во овој бизнис се вртат два и пол милионои долари годишно, а како тој изгледа сведочи сликата на шест малолетни девојчиња откриени во полициска рација во еден бордел во тајланд. Тие беа покриени со лузни и згореници од цигари направени од пијани и брутални муштерии. Едно од девојчињата имаше и лента од селотејп на устата, за да не се слушаат нејзините врисоци.
XS
SM
MD
LG