Достапни линкови

Владата во оставка


И формално од денеска владата на чело со хари Костов е во оставка. Собранието експресно ја констатираа оставката на владата која на почетокот на неделава ја соопшти премиерот Хари Костов.

„Известен сум дека претседателот на владата нема усно да ја образложи оставката. Согласно член 93 став 3 од Уставот на Република Македонија, оставката на претседателот на Владата, повлекува и оставка на Владата. Констатирам дека согласно член 224 од Деловникот, на претседателот на Владата и Владата им престанува мандатот.“

По констатирањето на Оставката почнуваат да течат уставните и законски рокови за назначување нов мандатар и формирање нова влада

„Тече рокот од десет дена во којшто претседателот на Републиката треба да го довери маднатот на кандидат на партијата што има мнозинство во парламентот. По доделувањето на мандатот, мандаторот е должен до Собранието во рок од 20 дена да го предложи тимот на новата влада и да ја образложи програмата за работа,“

Објаснува професорот од правниот факултет рената Десковска. Ново настаната политичка состојба во земјава дополнително го одлага решавањето на економските проблеми во земјава смета Џевдет Хаједини од невладината организација македонија без Корупција

„На сите политички сили секогаш приоритет им бил преземање и задржување на власта. Мислам дека ова е крајно сложена ситуација, Македонија да се соочи со вакви проблеми кои ги ставаат во втор план решавањето на економските прашања, мислам дека е непотребен луксуз.“

Хајредеини семата дека нитуе една влада нема храброст да се справи со структурните реформи во земјава

„Да сме ги слушале и придржувале до политиките со ММФ денеска сигурно немаше да бидеме во оваа економска состојба.“

Инаку до изборот на новата влада членовите на старата ги вршат своите овластувања и затоа нема опасност од правен вакум во извршувањето на надлежностите, сметаат експертите.
XS
SM
MD
LG