Достапни линкови

Причина, високите камати на Народната банка, но и правниот систем


Зголемувањето на каматните стапки на благајничките записи од страна на Народната банка, а со единствена цел ги повлече од оптек вишокот на парични средства и на тој начин одржи курсот на денарот на постојното ниво според банкарите предизвикува контра ефект.

„Не е добра политика зголемување или високи каматни стапки, не може да биде политика на Народна банка,“

вели Најденко Поповски прв генерален директор на „Охридска банка“. Комерцијалните банки поради примамливата каматна стапка инвестираат во балгајничките записи и на тој начин се дестимулирани своите средства во форма на кредит„и да ги пласират на правните и физички лица.

„Кога Народната банка дава 9 насто камата на благајничките записи, тешко може да се очекува намалување на каматната стапка на денарските пласмани,“

вели Драгољуб Арсовски прв генерален директор на Комерцијална банка. Поради ваквиот потег на Народната банка. Од 2005 година комерцијалните банки најавуаат можно зголемување на каматните стапки:

„Банката најверојатно ќе биде принудена да ја преиспита својата политика.“

е ставот на Поповски. Но, на високите каматни стапки на кредитите што ги одобруваат комерцијалните банки не влијае само високата каматна стапка на благајничките записи:

„Позицијата во правниот систем, проблемите со хипотеките, случаите на регулирање во областа на катастарот, имотните односи, правниот систем, влијае негативно.“

Она што е сигурно е дека до крајот на годината каматните стапки на кредитите остануваат на постојното ниво:

„До утврдувањето на деловната политика за 2005 година органите на банката имаат став да не ја менуваат каматната политика.“

Поради неатрактивноста на македонскиот пазарот , пред се опкружувањето и политичките ризици комерцијалните банки дури 85 до 90 % од штедните влогови ги пласираат во странски банки:

„Банките, во зависност од деловната политика, раководат со штедните влогови, повеќе по принципот на сигурност, отколку профитабилност, значи сеуште се чуваат на сигурно место.“

Вкупните штедни влогови во комерцијаните банки во моментов изнесуваат околу 734 милиони евра од кој само 10 % се понудени како кредити на правните и физички лица.
XS
SM
MD
LG